Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово на 20 јануари оваа година(сабота) ја организира манифестацијата „Сви у коло“ (Сите на оро). Настанот ќе се одржи со почеток во 18:00 часот во големата сала на НУ Центар за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово.
-Манифестацијата претставува ревија на српскиот фолклор наречен „Сви у коло“ на која покрај домаќините КУД „Бранко Чајка“ коешто делува во состав на Здружението, настапуваат КУД „Цветко Грбиќ“ од Штрпце, Фолклорен ансамбл ,,Севдах“ од Врање, КУД „Соко“ од Бујановац и триото „Шербет“ од Тетово. Целта на овој настан е да се чува и негува културниот и етнички идентитет на Србите во Македонија, информираат од Здружението.
Проектот Ревија на српскиот фолклор „Сви у коло“ е поддржан од Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот при Министерствотот за надворешни работи на Република Србија.