• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во Сараќино и со новиот водоснабдителен систем има проблеми во водоснабдувањето, ЈКП бара рационално користење на водата

04/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите на тетовско Сараќино се жалат дека и покрај новиот водоснабдителен систем пуштен во употреба пред помалку од еден месец повторно се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето. Според нив, вода или има во изобилие или имаат целосен прекин од по неколку дена.

– Водоснабдувањето не е редовно. Кога има, ја има во изобилство, ама се допира. Таму треба да има надзор, кој прави тоа со водата. Некој ја допира и ја пушта. Не е редовна. Може една недела да имаме, два дена да немаме, а може и две недели да немаме, може после да има во изобилство. Значи се игра со водата, велат жителите на Сараќино кои се обратија до медиумите.

Ова проблематика ги погодува особено тие кои се без хидрофори и цистерни.

– Затоа не сме сигурни на квалитетот на водата. Да се воспостави ред и некој таму да води грижа. Јас често се јавувам и имам многу поплаки за нив и за градоначалникот на општината, порача жителка на Сараќино.

Од работната единица „Водовод и канализација“ при Јавно комунално претпријатие „Тетово“ велат дека проблемот е во тоа што новата пумпна станица влече вода од подземни извори, па системот исклучува поради зголемената потрошувачка.

– Проблемот е во големата потрошувачка поради која системот се загрева. Ние мора да го рестартираме. Правиме обиди да не се загрева системот, но не би имало проблеми доколку рационално се користи водата само за пиење. Сега кога има повеќе вода се користи и за наводнување и затоа се јавува проблемот. Апелираме за рационално користење на водата, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација“

Новата пумпна станица за снабдување на Фалише и Сараќино беше пуштена на 12 јули. До градбата на оваа станица дојде со оглед на децениските проблеми со водоснабдување во овие две села поради дотраениот водоснабдувачки систем со кој вода се обезбедуваше од Палчиште. Во февруари година се појави дефект поради кој со недели немаше вода, па Општина Тетово се одлучи на подолготрајно решение. Новиот систем обезбедува 20 литри вода во секунда.

Пуштена во употреба нова пумпна станица за Фалише и Сараќино, меѓу ретките рурални водоводи со континуирана дезинфекција

Пумпната станица има две бушотини, од кои едната е од пред 15-тина години со пет литри вода во секунда, а втората е нова која сега се направи и обезбедува 15 литри вода во секунда.

ас

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Приведен 51 годишник од Камењане, осомничен за противправно лишување од слобода на 36 годишна жена

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
83%
2.01mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!