Во храмот Света Богородица во тетовско Сетоле црковниот одбор организираше црковно-народен собир со цел да се празнува патрониот празник Рождество на Пресвета Богородица-познат кај народот како Мала Богородица.
-Црковната богослужба која ја отслужи отец Предраг Исаевски почна на пладне, по што следуваше блaгословување на славските лебови и празничен ручек за присутните верници, информираа од црковниот одбор.
Со свој настап црковно-народниот собир го збогатија играорците од КУД Свети Сава Први од Тетово.