На локалниот пат Тетово-Фалише вчера (24 септември) околу 15 часот и 40 минути се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „фиат пунто“ со тетовски ознаки управувано од 40-годишната М.Ј. од Тетово, патничко возило „форд фокус“, исто така, со тетовски ознаки што го управувал 60-годишниот Џ.А од тетовски Порој и трактор со тетовски ознаки управуван од 70-годишниот тетовец С.А.. Во несреќата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (24 септември) во 19 часот, на улица „Љуботенска“ во Тетово, со судска наредба, го привеле 54-годишниот тетовец Р.М, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ за издржување на казната.
Вчера (24 септември) околу 14 часот и 5 минути на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот тетовец М.Р. кој претходно бил пријавен од малолетничка од тетовско село дека преку социјалните мрежи и се заканувал за да биде во љубовна врска со него. Тој е задржан за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (24 септември) во 17 часот и 50 минути, во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот Д.К. од ова село, кој бил пријавен од 35-годишниот Б.М. од тетовски Челопек, вработен во тамошно претпријатие, дека се однесувал агресивно кон него и дека му се заканувал. Задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Вчеравечер (24 септември) околу 22 часот 30 минути полициски службеници на СВР Тетово ги привеле 39-годишниот тетовец Б.П. и Ф.А.(39) од тетовски Порој, кои пред тоа на улица „Благоја Тоска“ во Тетово го нарушиле јавниот ред и мир. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок
Вчеравечер (24 септември) во 23 часот и 30 минути, А.С.(19) од тетовска Мала Речица, Е.А.(19) и Х.Л.(19) од Тетово во СВР Тетово пријавиле дека околу 20 часот и 30 минути на улица „Маршал Тито“ во Тетово физички биле нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.