Соопштение на СВР Тетово 13 март 2024
Вчера (12 март) околу 1 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово пронашле патничко моторно возило „ланчија ипсилон“ со скопски регистарски ознаки, кое на 7 овој месец во Полициската станица Чаир било пријавено за противправно одземено. Подоцна, возилото било вратено на сопственичката Б.Д.(39) од Скопје.