Женско бебе е прво родено дете во Тетово во новата 2024 година. Родилката Јасмине Мисими го роди своето прво дете пет минути после полноќ во гинеколошкиот оддел при Клиничката болница.
-Првото родено бебе е женско, породено со операција царски рез. Тоа е прво дете во семејството на семејството Мисими и родилката Јасмине. Родено е со 3,5 килограми. Оперативниот зафат го направи дежурниот гинеколог д-р Љуљета Муљаки. И мајката и бебето се чувствуваат добро, им посакувам живот полн со здравје, среќа и успеси, информираше д-р Мерал Реџепи.
Во тетовската Клиничка болница во гинеколошкиот оддел ноќеска се родиле уште две деца. Од гинеколошкиот оддел инфомираа дека машко бебе е родено околу 4 часот и женско бебе околу 6 часот.
Во посета на болницата беше и градоначалникот Биљал Касами, информираа од Клиничка болница.
А.С