• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово се дебатираше за трагите на староградската песна на балканските народи

07/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамки на фестивалот на староградската песна „Теута“ денеска во Тетово се одржа и научно-музичка манифестација „По трагите на староградската песна на балканските народи“. Учесниците професори по музика ги претставија своите научни трудови кои се поврзани со староградската музика по која се одвиваше и дебата.  Воедно со ваков вид на музика се претставија неколку музички групи.

-Идејата е да имаме манифестација на која научници од  Балканот ќе ги пренесат своите сознанија околу староградскаста песна на различни локации. Јас лично преку мојот труд објаснувам кои се тие важни субјекти во негување на староградската песна, после Втората светска на територија на Македонија. Тоа се институци, КУД, поединци, медиуми, сите тие кои помогнале  се до денес да се зачуваат овие песни. Имаме илјадници примери на луѓе кои оставиле траги со нивните песни. Во суштина градските песни како карактеристика ја имаат носталгијата. Носталгијата за сокакот, за пазарот, за школото, за љубовта,изјави Беким Рамадани, модератор и организатор на манифестацијата.

Професорката по пијано, Соња Андонов ја презентираше улогата и значењето на Гиче Берберот во негувањето на староградската песна во Тетово. Таа посочи дека тој иако бил бербер во период помеѓу двете светски војни како меѓу ретките музички писмени луѓе помогнал на многу други да свират инструмент, а со тоа и да пренесуваат староградски песни на следните генерации.

-Гиче Берберот платил човек да го научи да свири и пее, па потоа и тој самиот држел часови. Ги учел луѓето да читаат ноти, да свират на гитара и мандолиа. Сите занаетчии знаеле да свират.  Тогаш од чаршиските муабети се создавала и песните кои се пренесувале, тој е бил сведок на многу случувања, на многу судбини и личности кои веќе ги знаеме дека се спомнуваат во староградските песни. Во негово време настанува песната Благуњо дејче Пожаранче, за Благуња од Пожаране која дошла во Тетово, а која татко и ја криел по дома бидејќи била многу убава, истакна Соња Андонов.

На манифестацијата настапија Трио Шербет, женска група Теута, вокалите Менсур Абази и Леутрим Зејнулаху и Зеф Чоба.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Тетовскиот режисер Глигор Кондовски доби Гран При за документарен филм на Државниот фестивал за непрофесионален филм

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.