Во Тетово се организираше традиционалниот Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет што го организира Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар за членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“. Ова беше 12-то издание.
-Победи Блаже Христоски од Прилеп. Второто место му припадна на минтагодишниот победник Никола Пеев од Гевгелија. Сотир Чаушевски од -Битола се пласира трето место. Учествуваа педесетина натпреварувачи од 14 градови,изјави Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар.
Учесниците ги поздрави тетовскиот градоначалник.
-Даваме целосна поддршка во остварување на правата на оваа категорија граѓани, за нивна рамноправна вклученост и учество во општествениот живот. Без дискриминација, со слободен пристап и еднакви можности. Да ја подигнеме јавната свест, затоа што сите сме еднакви, порача Биљал Касами.
Турнирот и средбата беа можност лицата од здружението и Националниот сојуз да се сретнат со претставници на општините и државните инститиуции со цел да се продискутира за потребите на лицата со инвалидитетност.
ас