Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар денес во Брвеница го организираше редовниот годишен Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет.
На ова 13-то издание учествуваа 20 учесници од осум градови, членови на здруженијата при на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“.
-Победи Михајло Михајлов од Кавадарци. Второ место освои Ванчо Каранфилов од Скопје, додека трета позиција и припадна на Љубица Боевска од Струмица, изјави Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар.
Републичкиот натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет се организира во пресрет на 3 декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар брои 850 членови.
ас