• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово се ослободуваат јавни површини, граѓаните бараат да нема селективност

28/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На профилот на Фејсбук на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ноќеска беше објавено видео со порака дека се правела акција за ослободување на јавните простори, но многумина граѓани реагираа на селективноста.

Во видеото се гледа како се отстрануваат реклами, маси и столици и друго, на потегот од Жена парк во правец кон плоштадот по улицата „Борис Кидрич“.

Општинскиот инспекторат на општина Тетово вечерва, почнувајќи од маркетот „Веро“ и по целата територија на нашиот град, ја презеде акцијата за ослободување на јавните просторите узурпирани од диви продавачи, сопственици на кафулиња и ресторани, како и илегалните реклами поставени насекаде. Оваа акција, која е продолжение на неколкуте досегашни акции, ќе продолжи секој ден и ноќ, за ослободување на Тетово и граѓаните од узурпаторите, овозможувајќи слободно движење на пешаците, ред во сообраќајот слободни јавни простори, вели во објавата градоначалникот Касами.

Потоа во коментарите граѓаните прашуваат зошто тоа се прави селективно, а поставуваат и фотографии од други места каде има потреба да се ослободат јавните површини и прашуваат зошто тоа не е направено досега.

-А, пералната карши Симпл ја промаши? До рекламата прво ви дојде од Спирит едно обично знаме. Ситни популистички движења. Плоштадот како е? Од Штул нагоре чекамо ајде. Прво врати се кај пералнана кај школо Братство, па настави. Само македонски објекти биле таргет или ми се чини, се вели во еден од коментарите под видеото.

Претходно на 19 октомври на овој профил на Касами беше објавена слична информација дека Општинскиот инспекторат спроведе акција за ослободување на узурпираниот простор на улиците „Борис Кидрич“, „Комплекс Базар“, паркингот пред училиштето „Лирија“, улицата „Илинденска“ како и кај “Женски пазар“.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Две лица кои питачеле добиле поднесоци за глоби од 15 до 50 евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.