• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово со настава ќе почнат 1033 првачиња и над 800 средношколци во прва година

31/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамки на Општина Тетово утре учебната година ќе ја започнат 1033 првачиња како и околу 800 ученици во прва година во средно образование, информираа од Секторот за јавни дејности. Од таму посочуваат дека се е подготвено за почеток на наставата.

-Во сите 12 основни училишта во рамки на Општината се запишани 1033 првачиња. Во средните училишта има регистрирано околу 800 ученици запишано, но ќе се зголеми бројот со оглед на тоа дека се чека одобрение од Министерството за образование и наука во некои училишта да има намалување бодови за запишување. Тоа е постапка во тек се уште не е завршена. Во текот на распустот се правеа поголеми тековни работи во училишта, како бојадисување на училници и слични работи. Во ОУ Лирија е поставен лифт за полесен пристап на деца со посебни проблеми, информираше Назми Даути, раководител на Секторот.

Пред почетокот на новата учебна година и полицијата спроведува превентивни активности и мерки.

-Секторот за внатрешни работи ги финализираше планираните превентивни и други активности пред почетокот на новата учебна година, најмногу сообраќајни. Наредниве денови пред и околу сите основни и средни училишта во Тетово значително ќе се зголеми полициското присуство и ќе се преземат мерки за целосно ослободување на јавните сообраќајни површини од непрописно паркирани возила, поставени тезги, угоститлска опрема, изложени различни видови производи и слично, кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот и посебно на пешаците, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Портпаролот додава дека со почетокот на новата учебна година, исто така, полициски службеници на СВР Тетово секојдневно ќе ги контролираат и автобуските постојки, посебно по завршување на првата и втората смена, со цел да се пресретнат евентуални инциденти, односно нарушувања на јавниот ред и мир.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Општина Тетово ќе го наплаќа паркингот околу комплексот „Ловец“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.