• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово во 2022 година од 365 денови 108 биле со загаден воздух

04/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Месечните извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажуват дека во 2022 година имало 108 денови со загаден воздух односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен.  Во една календарска година според светските здравствени стандарди не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух.

Најмногу или 24 дена имало во декември 2022, додека во ноември и јануари 2022 по 21 ден и февруари со 20 денови. Според извештаите се бележи дека минатата година во зимските месеци претежно биле денови со загаден воздух, додека пролетта и летото имало и повеќе месеци со ниту еден ден со аерозагадување. Така во мај, јуни, јули и септември немало надминување на прагот од 50 ПМ10 микрограми на метар кубен. Во август имало еден ден кога воздухот бил загаден додека, во октомври два дена, но и девет дена кога немало мерење на воздухот.

Специјалистот по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово д-р Ратко Давидовски вели дека состојбите се повторуваат секоја година и дека  во зима и понатаму ќе имаме загадени денови се додека нема радикална промена во начинот на греење.

-Ние нема што да измислуваме, треба да се искористат искуствата во западноевропските земји каде со гасификацијата е решено и надминато загадувањето на воздухот во зима. Решение за Тетово е гасификација. Само гасификација затоа што 70 до 80 проценти се затоплуваат домовите со фосилни горива, па со оваа економска криза се што е комунален отпад дома ќе се спалува во ќумбињата. Во 2015 година имавме еден проект каде од Институт за јавно здравје од Финска ни беше презентирана слика од база на податоци од 1962 година кога е воведена гасификација како градот е во целосен чад и како го нема подоцна со употреба на гасот за затоплување, изјави д-р Давидовски.

Деновиве во Тетово има и густа магла што претставува дополнителна опасност за луѓето поради присуство на ПМ10.

-Маглатата делува како капак од горе врз Тетово и така уште повеќе се потенцира аерозагадувањето. Едноставно маглата не дава да има движење на воздухот, нема ветер, нема проветрување, стои ПМ10 едноставно се лепат и сите органи се под опасност. Долготрајното соочување со загаден воздух носи тешки последици по здравјето, објасува д-р Давидовски.

Во 2021 година месечните извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажаа дека има имало 132 денови со загаден воздух односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен. Во 2020 година од 366 денови 138 биле со загаден воздух во Тетово.  Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните пи-ем 10 честички.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Во декември 2022 година тетовската полиција бележи 1930 казни за сообраќајни прекршоци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!