• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во вчерашната акциска контрола од 14 до 20 часот откриени и законски санкционирани 11 технички неисправни возила

16/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со засилени сообраќајно-контролни активности за поголем ред и безбедност на патиштата на тетовско-гостиварското подрачје.

Во вчерашната акциска контрола (15 март) реализирана од 14 до 20 часот, вкупно биле откриени и законски санкционирани 11 технички неисправни возила (ТЕ-6 и ГВ-5). Десет од нив имале неисправни сопирачки (ТЕ-6 и ГВ-4), а 1 (ГВ) неисправни други уреди и системи.

Покрај ова, со соодветни поднесоци биле санкционирани и 4 возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит, 1 возач-почетник (ТЕ) кој не се придржувал на законски предвидените ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, 6 возачи (ТЕ-5 и ГВ-1) со важечка забрана за управување, 3 возачи (ТЕ) кои не носеле возачка дозвола и 1 (ТЕ) кој го управувал возилото под  дејство на алкохол.

Во контролата, исто така, биле констатирани и санкционирани и 8 (ГВ) други видови сообраќајни прекршоци. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува возачите навреме да ја проверат техничката исправност на возилата, посебно ако планираат патување на подолги релации и да не седнуваат зад волан беа валидна возачка дозвола и под дејство на алкохол.

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тројца приведени кај кои била најдена дрога - кокаин и марихуана

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.