Делегација на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово на 13 јануари 2024 година на покана на Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Република Србија присуствуваше на откривање спомен-плоча на десетте тетовски маченици убиени во Владичин Хан на 1 ноември 1943 година во текот на Втората светска војна, информираа од Здружението.
Нивните тела се закопани на градските гробишта каде што е изграден споменик, додека спомен-плочата е поставена на местото на нивното страдање, наспроти зградата на Министерството за внатрешни работи во грдот. Откривањето на плочата е во организација на Здружението на потомците на борците на ослободителните војни во Република Србија и општината Владичин Хан.