• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Воениот оркестар на АРМ ќе настапи утре на градската свеченост – 79 години слободно Тетово

17/11/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Воениот оркестар на АРМ утревечер ќе настапи во Тетово, како специјални гости на градската свеченост по повод 79 години од ослободувањето на Тетово, како последен ослободен град во државата – со кој се заокружува ослободувањето на Македонија. Настанот утре ќе се одржи во ЦК „Иљо Антески – Смок“ со почеток во 19 часот.

Како новитет, покрај воениот оркестар, премиерно во Тетово ќе настапи и балетот на Државното музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ од Скопје, заедно со голем број на специјални гости и изведувачи.

Организаторите најавуваат досега најбогата и најразновидна програма, со голем број на учесниците. Од минатата година, на оваа градска свеченост се врши и доделување на награди за поединци и групи кои имаат остварено неспорен придонес во повеќе области, како и признанија за животно дело.

За потсетување, повторното свечено одбележување на овој значаен настан беше вратено во 2019, откако речиси 15 години изостана организирана активност за достојно одбележување. Настанот е во организација на Сојузот на борци од Тетово, во соработка со голем број на поединци и групи кои учествуваат во одбележувањето.

Поврзани објави

Вести

Даријан Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот-тоа се повеќе кривични дела

28/11/2023
Вести

Пратеникот Александар Велјановски со осуда за симнувањето на црковното знаме

28/11/2023
Вести

Сквернавење на имотот на црквата на Попова Шапка – фрлено црковното знаме, поставено албанско

28/11/2023
Вести

АПИС: Mнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно

28/11/2023
Вести

Општина Тетово: Работниците од Комунална хигиена ќе се префрлат во ново претпријатие и ќе земаат редовно плата

28/11/2023
Вести

Работниците од „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово почнаа штрајк поради неисплатени плати

28/11/2023
Следна објава

Влатко Лозаноски и Андријана Јаневска утре на настанот по повод ослободување на Тетово

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
overcast clouds
4 ° c
100%
1.92mh
89%
9 c 3 c
чет
16 c 9 c
пет
17 c 11 c
саб
14 c 9 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!