Се превртел камион, возачот е лесно повреден, по што краток период имало пренасочување на сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје околу 19 часот и 45 минути кај Групчин.
„Товарно моторно возило „Ман“ со тетовски регистерски таблици управувано од Ш.С.(46) од Тетово, изгубило контрола и излетало од коловоз. Со телесни повреди се здобил возачот Ш.С., кои се констатирани во Клиничка болница Тетово. Поради доведување во возна состојба на возилото за краток период сообраќајот бил пренасочен преку регионален пат, информира портарплот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Увид е извршен од екипа на СВР Тетово.