Соопштение на СВР Тетово за настани евидентирани на 23 септември 2023
Вчера (23 октомври) околу 16 часот и 15 минути, на регионалниот пат Тетово-Волковија, товарно моторно возила „фиат дабло“ со гостиварски регистарски ознаки, најпрво не застанало на дадена наредба од полициските службеници на СВР Тетово, а веднаш потоа враќајќи се наназад удрило во еден од нив додека преземал службени дејствија и го напуштило местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (23 октомври) околу 23 часот и 30 минути, во тетовска Мала Речица, лишиле од слобода малолетничка од истото село, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Во присуство на родител и претставник на Центарот за социјални работи Тетово малолетничката била задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Тетово вчера (23 октомври) околу 16 часот и 30 минути на нива во атарот на тетовското село Лешок, во месноста „Гладница“, сопственост на 75-годишник од ова село, пронашле над 150 стебла „канабис сатива“. Извршен е увид, неколку од стеблата се подигнати за вештачење, а другите се искорнати и уништени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.