• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Вработен во болница пријавил дека бил нападнат- полицијата бележи и повеќе приведени лица за други случаи

20/11/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Соопштение на СВР Тетово.

Вчеравечер (19 ноември) во 20 часот и 50 минути, Б.Ф.(48) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека половина час пред тоа на работното место на Интерното одделение во тетовската Клиничка болница, 44-годишниот А.Ј. од тетовско Непроштено се однесувал агресивно кон него и му се заканувал. Се расчистува и документира случајот.

Вчера (19 ноември) околу 3 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец В.М., кој претходно бил пријавен од 27-годишниот тетовец С.Ј. дека околу 3 часот и 10 минути во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Тетово физички го нападнал. Приведениот В.М. задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчера (19 ноември) околу 20 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 44-годишниот тетовец И.А. кој се однесувал агресивно кон нив и одбил нивна наредба. Се расчистува случајот и против него ќе следува поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (19 ноември) околу 12 часот и 50 минути, на улица „Вонвардарска“ во Тетово, привеле 17-годишник од Тетово кој управувал патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки и непоседувал никакви документи. Се расчистува и документира случајот.

Дваесет и четиригодишниот тетовец М.Н. вчеравечер (19 ноември) во 21 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека во угостителски објект на улица „Благоја Тоска“ во Тетово физички бил нападнат од сопственикот на објектот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Триесет и петгодишниот тетовец М.С. вчеравечер (19 ноември) во СВР Тетово пријавил дека околу 18 часот и 30 минути пред трговски објект во тетовската населба Цетинска, неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице. Се расчистува и документира случајот.

Вчера (19 ноември) во 18 часот и 45 минути Р.А.(42) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека со употреба на сила било влезено во неговата викенд-куќа  на Попова Шапка и бил направен обид да биде предизвикан пожар. Нема повредени лица, а била оштетена само дел од покуќнината. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава

Зонското паркирање во Тетово нема да се наплаќа утре 21 ноември

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
7 ° c
90%
1.32mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!