Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (6 декември) од 11 до 15 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и комбиња, но и патнички такси возила.
При контролата, исто така, биле откриени и 5 возила, односно возачи (ТЕ-3 и ГВ-2) кои вршеле јавен превоз без потребните документи и на кои ќе им бидат изготвени поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 4 прекршоци (ГВ), односно неисправни возила. Од нив две возила имале неисправни сопирачки, а 2 не извршиле технички преглед. Технички неисправните веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра во денарска противвредност.
Покрај тоа, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-3), претежно управување без соодветна возачка дозвола (ТЕ-10).
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел и совет до возачите да не учествуваат во јавниот превоз со технички неисправни возила и без потребните документи-лиценци, како и без адекватни дозволи. Зашто, на тој начин ќе придонесат за нивна и поголема безбедност на патниците што ги превезуваат на тетовско-гостиварското подрачје и пошироко. Ова, дотолку повеќе што претстои значително поголема сообраќајна фрекфернција овој и во првата половина на идниот месец, кога се очекува доаѓање на голем број од времено вработените во странство