Во изминатите 11 месеци од годинава полициските службеници на СВР Тетово вкупно изрекле 6891 мерки за пречекорена брзина на возилата кои се движеле на тетовско подрачје. Најголемиот број од пречекорувањата на максимално дозволената брзина биле регистрирани надвор од населено место, пред се на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и околните регионални патишта.
Меѓу годинешните пречекорувања се бележат и за повеќе од 50, односно од 70 километри на час над дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувања. Се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност.
На оние кои пречекориле за повеќе од 50 во населено и од 70 надвор од населено место времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи. Секторот за внатрешни работи Тетово континуирано спроведува контролни активности за брзина кои ќе продолжат и во наредниот период, посебно до крајот на овој и идниот месец, кога на подрачјето се очекува зголемен број возила и значително поголема сообраќајна фрекфренција.