Соопштение на СВР Тетово за 5 октомври 2023:
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (4 октомври) го лишиле од слобода А.Ф.(34) од тетовско Желино, кој претходно бил пријавен од 37-годишниот М.Ф. од тетовски Челопек дека околу 17 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Тетово, заедно со уште едно лице физички го нападнале. Според пријавеното, А.Ф. му се заканил и со огнено оружје. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Малолетник од Тетово, вчера (4 октомври) во 20 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот во тетовска Брвеница, 41-годишниот тетовец Ѓ.И. со возило „фолксваген пасат“ неколку пати удрил во мотоциклот кој го управувал, а на кол било уште едно лице, по што со двајцата негови малолетни синови физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Дваесет и седумгодишниот тетовец Д.Н. вчера (4 октомври) во 21 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека пред тоа на Градскиот плоштад во Тетово бил физички нападнат од едно лице. Се расчистува случајот.