На 01.08.2023 во 23.00 часот, 26-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од вработен во туристичка агенција. Според пријавеното, на 18.05.2023 тие телефонски се договориле да му резервира три повратни авионски билети за три лица од Аргентина за што преку брз трансфер на пари платил 2.450 евра. Како што е пријавено, лицето не му обезбедило билети и не сакало да му ги врати парите за резервација и дополнително му барало уште 4.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше денес СВР Тетово.
Вчера (02 август) во 09.30 часот во тетовско Слатино, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Х.(31) од Слатино. Според пријавеното, на 31.07.2023 во плац во тетовски Лешок, сопственост на Б.Н.С.(37) од тетовско Доброште, Г.Х. се договорил да купи од него патничко „опел астра“ со тетовски регистарски таблички, го земал возилото, но одбивал да му даде пари или пак да го врати возилото. Возилото било одземено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соовдетен поднесок, информира СВР Тетово