Полициски службеници на СВР Тетово вчера (27 февруари) од 7 до 12 часот спровеле акциска контрола за првенство во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани вкупно 14 прекршоци (ТЕ). Најголемиот број од нив (9) се однесувале на недавање првенство на пешаци, а останатите на непропуштање возило на пат кој со знак е означен како пат со првенство на минување.
На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби кои зависно од видот и карактерот на прекршокот се движат од 45 до 300 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-2).
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите целосно да ги почитуваат знаците и правилата за првенство на минување и посебно кога станува збор за давање предност на пешаците. Зашто, на тој начин ќе придонесат за сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, пред се на пешаците и посебно на патишта и улици на кои нема обликувани тротоари за движење.