Соопштение на СВР Тетово 11 јули 2024
На 10.07.2024 година во периодот од 11.00 часот до 14.00 часот полициски службеници од СВР Тетово, преземале мерки и активности за попречување и сузбивање на асоцијални појави кај лица кои се оддаваат на питачење на подрачјето на СВР Тетово, при што на улица „Илинденска“ било затекнато А.А.(30) од Тетово, а на улица „Маршал Тито“ било затекнато Е.А.(32) од Штип, со привремен престој во Тетово кои питачеле. Тие биле предадени на претставници од Центарот за социјална работа и ќе се соочат со соодветен поднесок
На 10.07.2024 година во 23.30 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода В.И.(18) од СР.Германија, со престојувалиште во гостиварско Чајле и малолетник од Чајле, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 10.07.2024 година во 22.00 часот во ОВР Гостивар малолетник од гостиварско Дебреше, во присуство на лекар и претставник на Центарот за социјална работа, пријавил дека околу 19.30 часот пред механичарска работилница во гостиварска Топлица бил физички нападнат од пет лица на возраст од 20 и 30 години, кои употребиле и тврди предмети, а едниот имал пиштол. Според пријавеното, едниот од нив со тврд предмет му го оштетил и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.07.2024 година во 10.10 часот во тетовско Горно Седларце, полициски службеници од Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода Б.З.(41) од истото село, кој во 09.15 часот бил пријавен од неговиот 74-годишен татко дека претходниот ден околу 20.00 часот, по вербална расправија, физички го нападнал. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 10.07.2024 година во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода Т.М.(43) од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат. Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 09.07.2024 година околу 16.20 часот во СВР Тетово, Д.А.(39) Битола пријавил дека настанал пожар во хала, сопственост на правно лице, покрај автопатот Гостивар -Тетово, во атар на гостиварско Врапчиште. Во пожарот немало повредени лица, а изгаснат е одгостиварската Територијална противпожарна единица. Увид на лице место извршила екипа при ОВР Гостивар.