• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За Турција и Сирија најпотребни се парични донации, како и зимска облека, шатори, душеци, ќебиња

10/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово упати повик до граѓаните кои сакаат да донираат со насоки за кој вид на донации се најпотребни за подрачјата погодени од земјотресот во Турција и Сирија.  Листата е утврдена со договор на општината со Амбасадата на Турција, како и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Црвениот крст.

Засега најпотребни се финансиски средства . Исто така, утврдена е и листа на барани материјали, а како најпотребни барани материјални средства од страна на настраданите, приоритет имаат: шатори, ќебиња и греалки. Од зимска облека потребни се јакни, мантили за дожд, чизми, џемпери, панталони, капи. Друг вид материјали покрај шатори, ќебиња и греалки, потребни се и кревети, душеци, вреќи за спиење, конзервирана храна, детска храна, детски пелени, средства за чистење и хигиена, се вели во соопштението на Општина Тетово.

Во Тетово граѓаните може да ги остваат донациите на градскиот плоштад и спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од 10 до 18 часот како два собирни пунктови.

-Апелираме до сите кои имаат можност, да ја покажат својата хуманост и да донираат за турскиот и сирискиот народ. Сега им требаме на Турција и Сирија. Да се солидаризираме и да помогнеме што поскоро да се надминат овие тешки денови, потенцираат од Општина Тетово.

Отворена е и жиро сметка на која граѓаните на Северна Македонија и дијаспората можат да помогнат со финансиски средства.  Воедно Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

И во селата повредени луѓе поради напади на бездомни кучиња-пријавени случаи во Требош и Боговиње

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.