Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (22 февруари) од 12 до 18 часот спровеле акциска контрола во која биле откриени и санкционирани вкупно 95 возачи (ТЕ-93 и ГВ-2) кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, како и 18 возачи (ТЕ-13 и ГВ-5) кои некористеле сигурносен појас.
На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овие видови прекршоци изнесуваат 40 евра (телефон) и 50 евра (појас) во денарска противвредност.
При контролата, исто така, биле санкционирани и 4 возачи (ТЕ) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 2 возачи (ТЕ) кои управувале возила со затемнети фолии и 1 возач (ГВ) кој управуван технички неисправно возило. Покрај ова, со поднесоци биле заокружени и 14 непрописно, односно погрешно паркирани возила во Тетово, од кои 7 се подигнати од тетовската „пајак-служба“.
Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и укажување до возачите и совозачите во возилата секогаш да користат сигурносни појаси, но и да се воздржат од зборување на мобилен телефон додека возат, за зборување, пишување пораки и слично. Зашто, на тој начин се намалува нивната концентрација и им се одвлекува вниманието, што може да ја доведе во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.