Во март 2022 година две лица од Тетово намерно предизвикаа пожар, а неполн месец подоцна во април веќе беа осудени на затворски казни.Тогаш двајца тетовци на 30 и 34 години, фрлија шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица „Илинденска“ во Тетово и предизвикаа пожар.
Обвинителството ги теретеше за кривичното дело Предизвикување на општа опасност, со оглед дека со пожарот предизвикале значителна опасност за животот на повеќе луѓе присутни во објектот.
Според информациите на Обвинителството тие добија казни од по девет месеци.
Од Обвинителството велат дека осомничените за предизвикување материјални штети во објектите на игри на среќа се соочуваaт со можноста кривично да бидат гонети за делата „Предизвикување на општа опасност“, „Уништување или оштетување јавни инсталации“ и „Тешки дела против општата сигурност“.
Министерството за внатрешни работи во изминатиот период информираше за слични евидентирани настани, каде се нанесува материјална штета и воедно се доведуваат голем број луѓе во опасност кои се наоѓаат внатре или во непосредна близина на објектот.
За таква постапка неделава Основниот суд во Велес во прв степен осуди тамошен жител на ефективна казна затвор во времетраење од шест години. Тој во јануари 2024 година, откако бил во автомат клубот, отишол да купи бензин па се вратил по што ги полеал апаратите за игри на среќа и столовите и ги запалил. Со тоа направил предизвикал општа опасност затоа што со пожарот во објектот во опасност по живот се нашле вработените, но и луѓето кои живеат во зградата.
Според познавачите на приликите, адвокати и правници, пресудата на Основниот суд во Велес е сериозна порака до сите оние кои поради тоа што самите одлучиле да си ја испробаат среќата и не им тргнало по планот, помислуваат дека можат во афект да дивеат и да прават тешки кривични дела против општата сигурност.
ас