Заврши фрескоживописувањето на тетовската соборна црква Свети Кирил и Методиј, в недела архијерејска литургија на која ќе началствува Архиепископот г.г Стефан
Неговото Блаженство Архиепископот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г Стефан в недела 3 септември во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј ќе ја раководи неделната архијерејска литургија, а по повод завршувањето на фрескоживописувањето на целата внатрешност на тетовската соборна црква.
Од Тетовско-Гостиварската епархија информираат дека покрај Архиепископот на архијерејската литургија ќе учествуваат и тетовско-гостиварскиот митрополит г. Јосиф и митрополитот брегалнички г. Иларион.