На делот од улицата „Браќа Миладинови“ во Горна Чаршија завршија реконструкцијата, информираа денес од Општина Тетово. Се работеше на делот од од крстосницата со улица „Ѓорче Петров“ до улицата „Мурат Бафтијари“со должина од 370 метри и крак од 90 метри.
„Се работи за целосно асфалтирање на овој дел од патот и бехатонизирање на тротоарите. Овој пат е важен затоа се работи на важна населба каде поминуваат многу голем број од граѓаните, а патот беше целосно руиниран. Во текот на реконструкцијата на овој пат не критикуваа дека не е реализирано согласно стандардите и поради тој факт излеговме денес на лице место да видиме дали овој пат е реализиран по сите стандарди. Патот е веќе комплетиран и од сега натаму може да биде во служба на сите граѓани“, истакна градочалникот Биљал Касами.
Иако на 19 февруари Касами се пофали дека почнуваат градежните работи за продолжување на булеварот „Благоја Тоска“ од касарната до регионалниот пат Тетово-Јажинце,таму нема никакви активности. Воедно за овој проект во договорот објавен на електронскиот систем за јавни набавки е наведено дека рок на изведба е три години, додека Касами рече дека ќе биде готова делницата за три месеци.
Почна доградување на булевар „Благоја Тоска“ од касарна до регионалниот пат Тетово-Јажинце
„Тоа е некоја грешка, не подолго од три месеци, имаме нов надзор кој треба да даде упат во работата и да се проследи. Но дека фирмата има обврска согласно договорот да го реализира тој сегмент од булевар тоа нема сомневање. Дали фирмата има интерес да не се придржува до договорот, јас мислам дека нема интерес. Се работи за организирање на самата фирма но договорот останува и тој период останува“, одговори Касами на новинарското прашање.
Во моментот обнова се прави и на други делови од улицата „Браќа Миладинови“ од кружниот тек со булевар „Видое Смилевски-Бато“ па во правец кон Шарена џамија.
ас