• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со завршна конвенција кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата го означија крајот на кампањата за вонредните избори за Совет на Општина Тетово што треба да се одржат во сабота 20 август. На конвенцијата покрај носителот на листата Глигорије Стојановски, се обрати и претседателот на општинската организација во Тетово, Живе Алексовски како и партискиот претседател Димитар Ковачевски.

-Голема е привилегијата, уште поголема обврската да бидете кандидати на СДСМ и коалицијата. Вашиот глас ќе биде гласот на сите граѓани и ќе мора да работите за нив, да двоите од Вашето време за наоѓање конструктивни решенија во Советот во интерес на граѓаните. Мои сограѓани, претстојните избори се важни, да ги оставиме поделбите и да се обединиме, за заеднички да го направиме нашиот град подобро место за живеење. Ова се луѓе кои се секојдневно до граѓаните, истакати и почитувани. Број 1 е за подобро Тетово, модерно Тетово, за европско Тетово, порача до кандидатите, Живе Алексовски.

Носителот Глигорије Стојановски порача дека со помош на Владата на СДСМ ќе продолжат решавање на проблемите во градот кои се важни за граѓаните.

-Нема да допреме во заложбите Тетово да биде модерен и европски град. Пробивање на патишта и улици, реконстррукција на веќе постоечките сообраќајници, нов спортски комплекс и пуштање во употреба капелата на гробиштата се само дел од проектите кои се залагаме како идни советници. Граѓаните ќе ги почувствуваат резултарите од подобрување на условите за живот во Тетово, порача Стојановски.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски потсети дека со помош на Владата спроведени се голем број проекти во Тетово, како и дела ќе се продолжи тоа да се прави и во иднина.

-Само пред неколку дена во наше Тетово најавивме дека ќе се произведуваат електрични автомобили кои ќе бидат гордост на автомобилската индустрија и наш македонски бренд кој ќе се продава во другите држави. Денес камен темелник но утре ќе биде работно место за 900 работници од Тетово и соседните општини, место каде ќе соработуваат и други компании. СДСМ во четири години на централната власт во Тетово вложија многу повеќе отколку 20 години претходно. Веќе четири години не е изолирана општина туку се развива на секое поле, порача Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека советничкта листа целосно ќе застане зад иницијативата Тетово сака парк и се ќе се стори Тетово да добие нов градски парк.  Тој истакна дека СДСМ ги реши најголемите стратешки предизвици на државата и најави дека ќе стане членка на Европската унија.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.