• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Здравствен дом Тетово бележи зголемен интерес за бустер дозите на вакцините против КОВИД-19

27/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Здравствен дом Тетово се зголемува интересот на граѓаните за примање на дополнителните ткн. бустер дози од вакцината против КОВИД-19, информираат од тетовската здравствена установа. Според нивните сознанија добиени од граѓаните интересот за дополнително вакцинирање се должи поради драстично зголемување на бројки на ново заразени со КОВИД-19.

-Најмногу е заинтересираноста за четврта доза која почнавме да ја аплицираме пред три недели, но има и граѓани кои што аплицираат и трета доза. Се уште немаме евиденција за трета или четврта доза но вкупно на ден има од 30 до 40 и најмногу до 50 апликациии на бустер дози. Прва и втора доза нема веќе, затоа што поголем дел од граѓаните примија прва и втора доза и нашиот процент е скоро  60 проценти на ниво на Тетово со околните општини, информира Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствен дом Тетово.

Според него потребно е да се вакцинираат граѓаните бидејќи дејството на двете дози дејството им е ограничено на околу девет месеци.

-Ограничено дејство има и самата бустер доза исто така. Сега поминаа доста месеци каде имаше затишје и многу намалени бројки и скоро и да немаше новозаразени и сега дејството е веќе поминато според информациите што ги имаме од СЗО. Во претстојниот пик мислам дека е потребно да се вакцинираат со трета или четврта бустер доза. Се вакцинираат со вакцини од производителот Фајзер и се чека од Модерна, информираше директорот.

Според информациите од Клиничка болница Тетово денес во Инфективното одделение има еден хоспитализиран заболен со КОВИД-19. На дневна основа има околу 40-тина прегледи на луѓе со симптоми,а од нив околу 60 проценти се дијагностицираат како болни поради коронавирусот.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Педесет годишна жена нападната од бездомно куче-почнато и засолнување на кучињата скитници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.