• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Здружение на ликовни уметници на град Тетово се прости од уметникот Александар Настески: Секогаш ќе го паметиме како прекрасен колега со светски имиџ и одличен уметник

19/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружение на ликовни уметници на град Тетово се прости од уметникот Александар Настески: Секогаш ќе го паметиме како прекрасен колега со светски имиџ и одличен уметник

-Александар В. Настески (1948 – 2023) Со тага ја примивме веста дека не напушти нашиот колега, академски сликар и уметник и еден од основачите на Здружение на ликовни уметници на град Тетово, Александар В. Настески. Се простуваме и изразуваме длабоко сочувство до семејството Настески и до сите колеги од уметничката заедница.

Александар В. Настески за мене и за членовите на Здружение на ликовни уметници на град Тетово секогаш ќе биде лик кој ќе го паметиме цел живот. Лик за еден прекрасен колега со светски имиџ и одличен уметник.

Ќе ни недостасуваш драг Александар… Ќе му недостасуваш и на Здружение на ликовни уметници на град Тетово. Почивај во мир драг Александар, Арбенита Мета, претседател на Здружение на ликовни уметници на град Тетово.

Александар В. Настески почина денеска на 75 години. Роден е 1948 во гостиварско Зубовце. Педагошка академија завршил во Скопје во 1968 година, додека Академија за применета уметност во Белград (Р.Србија) во 1977 година. Член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1977 како и на Здружение на ликовни уметници од Тетово, а учествувал на заедничките изложби на двете друштва.

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Мирослав Стаматовски (21г.) го фати осветениот крст во Милетино

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.