• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ : Предупредување за специјална кампања против легалните игри на среќа, постои бизнис интерес да се затворат легалните игри на среќа во Македонија

22/02/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ испрати соопштение до  јавноста:

Во специјалната кампања што се води против легалните игри на среќа во Северна Македонија очигледно веќе не се штедат ниту финансиски средства, ниту логистика.

Должни сме да ја предупредиме јавноста дека „свиркачи“ ни доставија информација дека одредени центри на моќ, кои имаат бизнис интерес да се затворат легалните игри на среќа во Северна Македонија, служејќи се со манипулација ќе се обидат да внесат немир кај родителите на учениците за да вршат уште пожесток притисок врз верските заедници, државните институции, политичките партии и закуподавачите на објектите, со цел да ја истуркаат нивната агенда. Извршител на оваа манипулација се очекува да биде таканареченото Движење „Антикоцкање“ од Тетово. Параван зад вистинските намери ќе биде наводна нивна грижа за учениците. Ќе се шират лажни вести, ќе се користат манипулативни податоци како дел од специјалната кампања против игрите на среќа.

Згрозени и вознемирени сме од приземните конструкции. И меѓу нас вработените во игрите на среќа има родители на ученици. Никој од нас не може да работи на штета на младината. Затоа сакаме да ги разобличиме лагите. Редно е за почеток претставниците на „Антикоцкање“ од Тетово да одговорат на следните прашања:

Дали и колку финансиски средства примиле во готово? По чиј налог ќе се обидат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката на претходните пропагандни материјали и оние кои  планираат да ги пласираат во јавност? Чии бизнис интереси се кријат зад нивните активности? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават 10 илјади луѓе без своите работни места?

Конечно, ги повикуваме Владата и Собранието да отворат четири очи и да внимаваат да не паднат во замката што им се мести. Погрешни измени на Законот за игри на среќа и забавните игри ќе направи страшни последици на среден рок. Штетата што ќе се направи, многу долго нема да може да се санира. Затворањето на легалните игри на среќа секаде каде се спроведе предизвика играње на црно по подруми без ред и поредок.

ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА „САКАМ ДА РАБОТАМ“

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовскиот диџеј Галоски со нов хит и интернационална турнеја

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.