Соопштение на СВР Тетово 4 април 2024
На 03.04.2024 во 12.00 часот во СВР Тетово, 87 годишен тетовец пријавил дека неговата невенчана сопруга С.П. агресивно се однесувала кон него и со сила го однела на нотар да потпише согласност дека самоволно сака да биде сместен во дом за стари лица и целиот негов имот да го префрли на нејзино име. Според пријавеното, тој одбил да ја потпише согласноста, по што таа продолжила да му се заканува да ја потпише согласноста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2024 во периодот од 11.00 до 13.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, на улица „Илинденска“ во Тетово било затекнато патничко возило „форд транзит“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од М.С.(64) село Ѓурѓевиште, со кое вршел јавен превоз на патници без соодветна документација. Против него ќе следува соодветен поднесок по член 284-а од Кривичниот законик.
На 03.04.2024 во 17.50 часот на улица „Пробиштипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле М.Р.(56) од тетовско Камењане, кој истиот ден бил пријавен од М.Ј.(25) дека агресивно се однесувал кон неа. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.