Од денес нови фудбалерки на ЖФК Љуботен се бразилските интернационалки Чеури Харуми Гоја и Наталиа Луана Оливеира Силва, соопшти клубот.
Гоја се враќа назад во ЖФК Љуботен по шест месеци поминати во Турција се враќа добро познат играч, во добро позната средина, за добро позната цел освојување на нова шампионска титула. Наталиа ќе преставува вистинско освежување во сите линии на шампионот и со своето искуство и те како ќе допринесе за полесен пат до целта, нова шампионска титула, потенцираат од ЖФК Љуботен.
Сега во клубот има вкупно пет Бразилки-настапуваат уште Рафаела Кармо Мартинс, Присила Едит Силва и Викторија Талита
ЖФК Љуботен е актуелен шампион и на првото место по есенскиот дел од сезоната.