Соопштение СВР Тетово 7 март 2024
Вчеравечер (6 март) околу 22 часот и 50 минути во Полициската станица Тетово е задржан 25-годишниот Л.Ф. од тетовско Доброште, кој претходно бил лишен од слобода во Полициската станица за граничен премин Аеродром Скопје. Тој се сомничи дека на четврти овој месец противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген голф“ во Тетово, сопственост на 65-годишниот тетовец С.Б. Се расчистува и документира случајот, по што Л.Ф. ќе се соочи со соодветен поднесок.
Триесет и двегодишен жител на тетовско село, вчера (6 март) во 13 часот и 50 минути пријавил дека Б.М. и Ќ.М. од тетовско Боговиње пред скоро една година му ветиле дека ќе му обезбедат документи со кои наводно ќе може да работи во странска земја, а за што на Ќ.М. тој му платил 2000 евра и потоа им дал и мотоцикл со иста вредност. Според пријавеното, со добиените документи не му било овозможено да работи во земјата и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.
Вчера (6 март) од 10 до 15 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е сообраќајна акциска контрола за престигнување во која вкупно биле откриени и санкционирани 64 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-45). Најголемиот број од прекршоците (60) се однесувале на престигнување на недозволени места. На возачите прекршители им се изготвени предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои зависно од видот и карактерот на прекршокот се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. На оние санкционирани со 250 евра времено ќе им бидат одземени и возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-4).
Секторот за внатрешни работи Тетово со повторен апел до возачите да внимаваат кога и каде престигнуваат и особено не на непрегледни места, на „полна линија“ или на долги колони од возила. Зашто, доколку непрописно престигнуваат ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.