Соопштение на МВР 4 февруари 2024
-На 03.02.2024 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(34) од с.Желино, тетовско, поради сомнение дека на 02.02.2024 во Тетово следел малолетничка од тетовско село и ја уценувал да биде со него за да не објави нејзини фотографии со експлицитна содржина. Според пријавеното, тој ѝ го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
-На 03.02.2024 околу 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Илинденска“во Тетово, Д.Г.(21) од с.Долно Седларце, тетовско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Батинци, општина Студеничани, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клинички центар Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово, информира МВР