• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Живе Алексовски : За европско Тетово, за град со развојна економија, на 20-ти август заокружи број 1

14/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на општинската организација на СДСМ Тетово, Живе Алексовски, во изјава за медиумите порача дека избраните советници како дел од мнозинството на Советот на Општина Тетово, ќе се посветат во унапредување на економскиот раст и развој, повисок животен стандард, а со самото тоа и обезбедување на подобра иднина на граѓаните.

-Покрај многуте досегашни странски инвестиции, овојпат токму во нашиот град пристигнува компанијата за производство на електрични автомобили “Next e. go Mobile” која ќе се изгради во Технолошко – индустриската развојна зона во Тетово.

Почетната инвестиција, вредна 130 милиони евра, покрај развивање на домашната економија, отвора и можност за нови работни места.

Членството во НАТО и отворањето на пристапните преговори со ЕУ, го даваат својот резултат, а инвестициите од ваков карактер и ваков габарит, несомнено носат економски бенефит за Тетово и тетовско.

Како дел од мнозинството на Советот на Општина Тетово, ќе се посветиме во унапредување на економскиот раст и развој, повисок животен стандард, а со самото тоа и обезбедување на подобра иднина на граѓаните.

Потребна ни е вашата поддршка, во сабота на 20ти август, со заокружување на бројот 1, да го избереме најдоброто за нашата општина. За европско Тетово

Советничката листа на СДСМ и коалицијата, предводена од носителот  Глигорије Стојановски е составена од докажани, угледни и чесни личности подговтени да работат за своите сограѓани, за Тетово да се развива, да ги користи сите свои потенцијали за да обезбеди еднакви и подобри услови за живот и работа на сите граѓани.

Општина Тетово да го задржи правецот по кој се движи изминатиот период, кога се реализирани бројни проекти важни за граѓаните меѓу кои се издвојуваат нов затворен пливачки базен, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на 5 автобуси за јавен транспорт, реконструкција на СОУ Кирил Пејчиновиќ.

Тетово денеска е град кој живее во духот на мултикултурализмот, град во коj се отвораат нови работни места, град кој дава еднакви шанси за секого, град каде ќе се произведуваат европски брендови.

СДСМ е сплотен, обединет за нови успеси, за политики и мерки што носат придобивки за граѓаните.

Се залагаме за европско Тетово. Затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден, за советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

ВМРО ДПМНЕ: Тетовчани со искрена поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.