Иницијативата наречена „Доста е“ од Тетово и утре петок организира јавен протест поради зголемување на цената на електричната енергија.
Според претстваниците на организациониот одбор кои денес одржаа прес-конференција предвидено е да се соберат граѓаните на градскиот плоштад во 14 часот и да маршираат до кружниот тек на булеварите „Маршал Тито“ и „Видео Смилевски-Бато“ кај Монопол и да одат назад.
Оваа е деветта недела како се организираат јавни протести на разни начини.
-Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании, велат од иницијативата.
Претходни два протести претставуваше блокада на сообраќајот на автопатот од Скопје кон Тетово и од Тетово кон Гостивар
А.С