Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека ќе има нови 14 дена вонредна состојба по завршување на денешната седница на Советот на безбедност која ќе важи од недела 31 мај.
–Имајќи го ве предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица во текот на денешниот ден, ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе започне да тече од утре“, изјави Пендаровски.
Претходно Владата на денешната 59-та седница донесе заклучок и го достави до Претседателот со предлог за прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена, заради неопходните дејствија за справување со КОВИД-19 и заради економските мерки.
Пендаровски почнувајќи од 18 март донесе три одлуки за вонредна состојба. Првите две беа за 30 денови.