Општинската организација на СДСМ од Тетово испрати реакција на соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово околу улицата „116“.
Почитувани граѓани,
Соопштението на ОК ДПМНЕ Тетово кое се однесува на асфалтирањето на Улица “116” е комплетно лицемерие! Се работи за граѓанска иницијатива во која има граѓани од сите политички партии и неопределени граѓани.
ОО на СДСМ Тетово пред поднесување на иницијативата имаше разговор со иницијативниот одбор и беше понудена поддршка за асфалтирање на улицата.
Комплетно е провидно тоа дека ОК на ДПМНЕ од Тетово сака да добие политички поени на оваа граѓанска иницијатива. Во раговорот со граѓаните од иницијативниот одбор беше утврдено дека тие не сакаат политичка заднина од ниту една партија во Тетово, туку единствена цел им е улицата да биде асфалтирана.
Почитувани граѓани, ова соопштение на ДПМНЕ е слика за тоа како работи тетовскиот огранок на партијата која официјално 11 години ја имаше Централната и Локалната власт во државата а неофицијално во континуитет ја има судската власт до денес, а тоа е: Ефтино политичко профитерство за работи за кои немаат никаква заслуга!
Да, точно е тоа дека во програмата на СДСМ за локалните избори во 2017та година стоеше “Да се постави улично осветлување и да се асфалтира улицата “116” во Тетово. Точно е и тоа дека до сега не се успеа да се асфалтира оваа улица.
Но СДСМ Тетово за разлика од ДПМНЕ ја стави во програмата оваа улица, советниците на СДСМ го предложија асфалтирањето на оваа улица во програмата на Општина Тетово и општината има поднесено барање за подготовка на проект за улицата и нашите советници добија уверување од општината дека улицата ќе се реализира во текот на следната година.
Оваа улица е во лоша состојба од 2002-ра година, зошто ДПМНЕ не направи нешто во врска со улицата за време на нивното владеење е прашање за кое бараме јавен одговор.Наместо да се обидуваат да направат политички поени, нека направат нешто реално и видливо за граѓаните, па макар со иницијатива или поддршка, се наведува во дописот.