Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 21 часот и 30 минути, на улица „Цветан Димов“ во Тетово, го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец Д.М. и неговиот малолетен син.
Двајцата физички нападнале полициски службеник кој вршел службени дејствија, a кој претходно го запрел нивното возило и на Д.М. му побарал документи за идентификација.
Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово .
А.С