• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Алијанса за Албанците : Денес завршува уште една година полна со ветувања од општина Тетово

Оттаму јавно побараа одговор од градоначалничката за одредени проблеми.

30/12/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Партијата Алијанса за Албанците на прес конференција ја критикуваше работата на општина Тетово за 2019 година. Оттаму јавно побараа одговор од градоначалничката за одредени проблеми.

-Градоначалничката на општина Тетово, денес излезе пред масата и се пофали за работата што ја направија за жителите на оваа земја, но не го спомена проблемот со водата за пиење, имено на станицата за филтрација, која чека со години да биде пуштена во употреба.   Таа не го спомена повеќедеценискиот проблем на градот, булеварот Благоја Тоска, кој сè уште го ветува општината и нема решение за истиот. Таа воопшто не го спомена одбрамбениот ѕид на улица Бања, кој се повеќе ги загрозува животите на граѓаните.  Таа не рече ниту збор, за разлика од време на кампањата кога мораше да му помогне на Зоран Заев, а заедно со него ветија училиште во Мала Речица, кое исто така очекува решение од оваа општина и Министерството за Образование, исто како и за училиштето во Селце, но изгледа како и со вештачкиот снежен базен, злоупотребени беа стотици илјади евра и објектот остана во мизерна состојба, истакнa Алтрим Мамути.

Според оваа партија најголемиот проблем се долговите на локалната самоуправа.

 Зошто градоначалничката не спомна колку се долговите на општината, а особено оние за студентски превоз. Зошто на моменти не се споменуваше ветениот катен паркинг на Градскиот стадион или на Зелениот пазар, но тие секако очекуваат тие работи да им ги заврши „Дедо Мраз“ затоа што самата општина сè уште не направила ниту проект за истите. На крајот ја прашуваме општината, дали се сеќавате на ветувањата што ги дадовте во 2013 година и дали можете да им кажете на граѓаните колку проценти од тие ветувања што сте ги дале сте ги оствариле, истакна Мамути.

А.С

Тагови: алијанса за албанците

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава
МВР

Соопштение на МВР за осомничените за приватизацијата на државно земјиште во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.