• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Иницијативата „Пубоо“ со акција за создавање поубав и похуман јавен простор

Идејата ја образложуваат со тоа што со години наназад, жителите на Саат Маало живеат во услови на постојана гужва од паркирани возила, голема нечистотија и агресивна урбанизација што го гуши духот на едно од најстарите тетовски маала.

25/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓаните од тетовско Саат маало преку иницијативата „Пубоо“(Поубаво) во недела 27 септември организираат акција за создавање на поубав и похуман јавен простор во тој дел од градот. Идејата ја образложуваат со тоа што со години наназад, жителите на Саат Маало живеат во услови на постојана гужва од паркирани возила, голема нечистотија и агресивна урбанизација што го гуши духот на едно од најстарите тетовски маала.

-Иницијативата „Пубоо“го организира првиот во серијата маалски настани, на кој со графити ќе се разубавува трансформаторот на ЕВН во Саат Маало. Група од четворица млади, талентирани и искусни графички дизајнери, се понудија да придонесат со нивното знаење и подготвија идејно решение за изгледот на трансформаторот. Музика, позитивна и креативна атмосфера за похуман и поубав јавен простор, велат од иницијативата.

Настанот во недела започнува во 10 часот. Минатата година Саат маало се организираше и спроведе еколошка акција за расчистување на нивниот парк.  Оваа маало е познато во Тетово и по својата мултикултурна слика.  Тука свои домови имаат семејства од сите етнички заедници и со децении се негува заедништвото и соживотот.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Сообраќаен режим на регионалниот пат Карпалак-Желино поради реконструкција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!