• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Како да се стигне до работа? – Нов предизвик во тетовско

Луѓето од руралните места велат дека тие се најпогодени, со оглед дека Тетово како центар е местото каде најмногу мораат да одат.

24/04/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Забраната за одвивање на јавен превоз во тетовскиот регион создаде уште неколку предизвици со кои ќе треба да се соочат дел од жителите при пандемијата на коронавирусот и напорите да го сочуваат здравјето. Луѓето од руралните места велат дека тие се најпогодени, со оглед дека Тетово како центар е местото каде најмногу мораат да одат.

„Еве пример јас живеам во село Теарце кое е оддалечено 10-тина километри од Тетово и на директен начин сум погоден од мерката. Секојдневно патуваме кон градот со комбиња и автобуси, сега сме приморани да одиме со автомобили, што е проблем за поголем дел од граѓаните, дел од нив не се во можност да патуваат со автомобил зошто немаат, а тие што имаат е доста поскапо од јавниот превоз. Меѓутоа ја поздравувам донесената мерката, бидејќи тоа претставуваше потенцијален ризик за ширење на коронавирусот“, вели Бобан Костадиновски од Теарце.

Граѓаните бараат помош од општините, не се во можност самите да се снајдат, велат од руралните локални самоуправи.

„Имавме многу граѓани што се јавија кај нас, се жалеа, во Општината бидејќи сите институциите и банките се во Тетово, каде што мора да ги завршуваат своите обврски. До таму одат со патнички возила нормално, јавен превоз нема. Повеќе ги чини, не е во можност секое семејство да има автомобил, ама таква е ситуацијата“, рече Албон Џемаили, градоначалник на Општина Боговиње.

„Граѓаните на Општина Јегуновце се снаоѓаат како знаат да одат до нивните работни места. Приватните превозници со комбиња ги носат само линиите до фабриките, а другите граѓани се снаоѓаат со нивните возила“, изјави градоначалникот Дарко Блажевски.

Оваа мерка е идеја на тетовскиот кризен штаб. Градоначалничката Теута Арифи објаснува дека минимизирањето на ваквата комуникација значи и помалку шанси да се распространува коронавирусот.

„Најголем приоритет, прв приоритет ни е да намалиме проширување на заразата. Верувајте ми е многу важно, во овој момент е што е можно помала комуникација од едно населено место до друго населено место затоа што тоа ќе даде резултати. Повеќе од сигурна сум дека кога ќе дојдеме до една ситуација кога нема да идентификуваме нови и нови случаи, значи тенденција на зголемување меѓу првите мерки што ќе се либерализира сигурно ќе биде јавниот превоз“, рече Арифи.

Тетово претставува центар на пет рурални општини, а се проценува дека 200 илјади луѓе живеат во регионот.

Александар Самарџиев за Радио Слободна Европа 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Запалиле гуми на крстосница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.