• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Месна заедница Вратница : Водата за нас буквално ќе исчезне

15/11/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Месната заедница од Вратница испрати ново соопштение до јавноста по вчерашниот допис на инвестирот компанијата Трибека Хидро.

-Ни го дадовте вистинскиот збор кој ни недостигаше во досегашните наши реакции. Водата за нас буквално ќе исчезне. Водата што понира од реката ќе се стави во цевка во должина од 2 км над изворите за вода за пиење на Орашје, така што во моментот кога ке се испушти во коритото од реката е практикно, неупотреблива и бескорисна и за Вратничани и за Орашаани и за Староселци.

Го игнорираат фактот дека на средина од планираниот цевковод сега се наоѓаат двата зафати на вода за каналите за наводнување за Вратничко и Орашко поле и за полнење со вода на вештачкото Вртаничко езеро. Во проектот никаде не е споменато како и со што овие две полиња и езерото во иднина ќе се снабдуваат со вода. Покрај тоа, индирекно е загрозено и нашето снабдување со вода за пиење, затоа што во недостаток на вода во каналите, за наводнување на  земјоделските површини, бавчи, дворови и потребите од техничка вода ќе се користи водата од селските водоводи, кои за зал имаат мала издашност која едвај ги задоволува сегашните потреби.

За биолошкиот минимум, кој патем никаде не пропишан со закон, сите познавачи како тоа изгледа во реалниот живот многу добро знаат дека е само обична фарса и дека во река понорница, каква што е Вратничка река, го има само 10 метри од зафатот. Тој, под услов да се испушта, едноставно понира и практично во наредните 2 километри го нема.

Ако ова не се аргументи доволни за стопирање на проектот, односно, одземање на нашето елементарно човеково право за користење на вода за пиење и за наводнување кое е јасно пропишано во приоритетната листа во Законот за води на Република Северна Македонија, тогаш не ни преостанува ништо друго, освен сериозно да размислуваме за отселување од нашите родни огништа и одење во белиот свет каде што ова елементарно човеково право ќе ни биде овозможено, се вели во сооопштението од месната заедница од Вратница.

Тагови: водатавратницамала хидроцентрала

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

Влатко Стефановски гостуваше во тетовското музичко училиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!