• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Наместо повеќе пластични картички – интеграција на документи

27/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Системот за електронски здравствени картички нефункционира и ќе се укинува, а граѓаните ќе имаат унифицирана можност за ваква идентификација користејќи ја технологијата, истакна министерот Дамјан Манчевски на јавната трибина за дигитализација во Тетово. Исто така се очекува и електронска координација на институциите со цел да не се земаат два пати исти податоци од граѓаните.

„Технологија е отидена напред за да има легален и сигурен начин преку мобилни уреди да се чуваат податоци, за да нема посебни пластики за лични карти или здравствена легитимација. Одиме на интеграција на документи. Преку мобилни уреди тоа е можно само треба да се адаптира системот. Сметам дека ќе станеме и водечка земја во Европа“, рече Манчевски.

Од постоечките 1500 услуги, 800 се веќе достапни на услуги.гов.мк. Остатокот се очекува да се додадат во наредните месеци.

„Сакаме да стасаме до идеална состојба, сите институции да се приклучат кон Централен регистар на население (ЦРН), а тоа ќе трае одреден временски период и ќе треба да ги изменат процесите.  Пример со ЦРН нема потреба повеќе да се бара извод на матична книга на родени од ниедна институција затоа што по автоматизам може институцијата што бара да ги добие од ЦРН. Таму на секои 12 часа се синхронизираат податоци на сите инстуции и тие се униформни и немаме различни информации“, рече Манчевски.

И приватните компании, како банките и осигутелните компании ќе имаат можност да добиват дигитални податоци со цел олеснување на администивните работи.

„Токму ова е целта на Централниот регистар на население и ние создадовме и законски услови и приватните компани да ги користат податоци од регистарот. Првите од заинтерсирани се банки осигурителни компании и телеком оператори. Завршуваме подзаконски акти и правилници. Тоа се технички услови со кои тие ќе можат да се приклучат на централен регистар на население а притоа граганите да бидат сигурни дека нивните податоци се безбедни. Во рок од не повеќе од два месеци ќе бидат точно пропишани условите и приватните компании ќе се приклучат на централен регистар на население“, рече Манчевски.

А.С

 

Тагови: интегрирани документи

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Национален центар за компјутерски инциденти за поголема сајбер безбедност

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.