Вообичаено во текот на летните месеци жителите на Тетово не се сочуваат со загадениот воздух како на зима, а во прилог периодов им оди и тоа што имаше чести врнежи од дожд и ветер па нема голема концентрација отровните честички и не се чувствува аерозгадувањето. Сепак, во текот на мај и јуни не можат да проверат дали има присуство на отровните честички пи-ем 10 и пи-ем 2,5 на интернет страница на Министерството за животна средина и просторно планирање каде се објавуваат податоци од мерните станица за квалитетот на воздухот. Не се поставуваат податоци за тоа колку концентрација има на отровните честички, а од одделението за мониторинг на квалитетот на воздухот велат дека е поради тоа што инструментот за мерење е однесен на сервисирање во Виена. Иако велат дека е однесен од 27 април иако во месечниот извештај за тој месец има податоци за сите 30 денови.
-Мерната станица во Тетово моментално е во функција и на веб страницата www.air.moepp.gov.mk можат да се следат податоците од мерените параметри за сулфур диоксид, азотни двооксид, јаглерод моноксид и озон додека инструментот за мерење на РМ10 и РМ2,5 од 27-ми април е сервисиран и е однесен во соодветна лабораторија во Виена за негова калибрација. Во моментот кога ќе се врати назад од калибрација истиот ќе биде инсталиран во мерната станица во Тетово а со тоа и резултатите од мерењата на РМ10 и РМ2,5 ќе бидат достапни за јавноста на веб страната-се вели во одговорот од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните пи-ем 10 честички. Во 2018 во Тетово надминување од над 50 микрограми пи-ем 10 честички на кубен метар имало во дури 134 денови. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните пи-ем 10 честички. Во 2016 година имало 302 дена со загаден воздух, додека во 2017 година воздухот бил загаден во 134 денови, а во 41 немало податоци. Во 2019 од јануари до крајот на април имало 53 од 120 денови кога имало надминување на присуството на пи-ем 10 честичките над дозволениот стандард од 50 микрограми на кубен метар.
Во општина Тетово прашавме дали во периодот од април до октомври или во пресрет на зимата ќе се преземаат мерки и активности со цел намалување на загадувањето на воздухот во најкритичниот период во зимските месеци.
Од канцеларијата за комуникации и односи со јавноста испратија одговорија дека во текот на летните месеци загадувањето на воздухот е со намален интезитет но и покрај тоа општината презема мерки и активности кои би придонеле за одржување на пм 10 честичките на ниско ниво.
-Пред да ги споменеме активностите на терен би посочиле дека неодамна на седница на Советот на општина Тетово беше усвоен и акциониот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух со кој се предвидени поголем број на мерки како што е намалување на сообраќајниот метеж, тука би ја споменале и кампањата „Ден без автомобили“, кампањата „Во нас е проблемот во нас е решението“. За потребите на која општина Тетово создаде и веб портал каде граѓаните редовно ги информираме што се се прави за заштита на животната средина-Еко Тетово, која всушност е платформа и простор за соработка помеѓу граѓаните, бизнис заедницата, граѓанските организации, здруженија, јавни институции и општинската администрација за да развијат иновативни решенија за подобрување на урбаната средина. Регулирање на сообраќајниот метеж во градот и редовното миење на улиците за сузбивање на прашината се активности кои секојдневно се извршуваат од нашите екипи, се вели во одговорот од општина Тетово.
За активностите кои ги планинараат во иднина велат дека ќе се насочат во нови проекти и кампањи со кои би работеле на замена на старите системи на греење кои ги користат цврсто гориво со модерни грејни тела со помош на финансиско субвенционирање. Но немаат временска рамка кога тоа би се направило.
-Спроведување на забрана на користење на греење на домовите со несоодветни тела за греење или отпадни материи , имплементација на политика за зелени јавни набавки на возила кои би ги користела јавната администрација, изнајмување на електрични велосипеди и скутери со помош на субвенционирање. Развој на мрежа на велосипедски патеки , отстранување на урбаните бариери и поставување на безбедни локации за паркирање на велосипеди и постојан надзор на инсталации со А и Б еколошки дозволи и нивните емисии, како и мерки и кампањи за зголемување на јавната свест. Се надеваме дека на се она што се работи во многу блиска иднина ќе биде видливо и на терен во текот на зимските месеци, истакнуваат од канцеларијата за комуникации и односи со јавност.
Во 2018 година во студија на изработена од лекарите и експерти од Интитутот за јавно здравје беше откриено дека долгогодишното аерозагадување веќе има големао влијание врз здравјето на населението. Ако на државно ниво 22 отсто од сите умирања се должат на амбиентниот воздух, за Тетово просекот изнесува 38 отсто, покажа истражувањето.
Студијата покажува дека 36 отсто во загадувањето на воздухот со создавање на пи-ем 10 честички придонесува греењето на дрва кај домаќинствата, 33 проценти разните индустриски процеси како и 20 проценти во продукција на разни видови енергија. Се смета дека сообраќајот учествува со 2 проценти во создавањето на отровните честички прашина.
Александар Самарџиев