• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ноќни трки ги вознемируваат жителите на Тетово

Се случуваат трки со автомобили во доцните ноќни часови со што им се нарушува мирот на граѓаните, се вознемируваат од бучавата и не можат спокојно да спијат. Трките, според нив, започнуваат околу полноќ но траат со часови.

23/07/2019
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дел од граѓаните на Тетово кои претежно живеат на булеварите Илирија  (поранешен Маршал Тито) и Илинденска реагирале до полицијата дека се случуваат трки со автомобили во доцните ноќни часови со што им се нарушува мирот, се вознемируваат од бучавата и не можат спокојно да спијат. Трките, според нив, започнуваат околу полноќ но траат со часови.

-Ова на булевар Маршал Тито наликува на дивина. Се турираат мотори и коли во касни саати, а деца, стари и болни не можат да спијат, па и секој без разлика на години. Секоја вечер летово се случлува, па пола град се полицајци зарем никој не најде за сходно да се среди ситуацијава, , изјави Дино Блажески, жител на Тетово.

Тетовци велат дека автомобилите кои се тркаат се скапи возила, пред сè со странски таблички.

-Разбирам силни и убави коли имаат ама ова ја преоѓа секоја граница. Вака сигурно во Цирих не прават зошто има полиција и ред. А тука ?, прашува младиот Блажески.

-Сметам дека полицијата не реагира. Јас пријавив да се провери бучава од блискиот луна парк, службеникот наместо да почне со постапување по пријавата, се обидуваше да ме разубеди, изјави сосед.

Во Секторот за внатрешни работи Тетово прашавме дали и колку се постапува по пријавите на граѓаните. Тврдат дека има засилено полициско присуство на терен.

-Во полициска станица за безбедност на сообраќајот Тетово, досега летово евидентирана е само една пријава од граѓани дека во близина на бензинска пумпа на улица „Маршал Тито“ во Тетово се организира вечерна трки на автомобили.На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници, кои презеле конкретни мерки за целосно расчистување на пријавеното, по што секоја вечер од 22 до 2 часот по полноќ, значително засилено е полициското присутвото, не само на оваа, туку и на повеќето други улици во централното подрачје на Тетово, изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Согласно член 35 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ваквите трки претставуваат законски прекршок. Зависно од брзината, односно пречекорувањето на максимално дозволената брзина, прекршителите се соочуваат со паричната глоба од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Доколку пречекорувањето е поголемо, предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година.

Како место каде се одвиваат трки, од страна на граѓаните се посочува и обиколницата на Тетово, во правец од Скопје кон Гостивар.

Александар Самарџиев

Тагови: булеварвозиласвр тетовотрки

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Во Непроштено во 18:30 часот одбележување годишнина од 2001 година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!