• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Планинари изградија импровизиран мост од дрвја на Лешничка река

14/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дванаесет планинари вчера изградија нов импровизиран мост преку Лешничка река во месноста Лешница на Шар Планина откако истиот таков премин беше целосно оштетен и неупотреблив минатата недела. Потфатот го организираа членовите на планинарското друштво „Игл“ (Eagle) со помош и поддршка на колегите од планинарскиот клуб „Тетекс“.

-Овој мост е важен за движењето на планинарите, посетителите и туристи, кои сакаат да ја посетат Лешница а ја користат планинарската патека која почнува од селото Бозовце. Ако нема мост нема да може да се премине реката во периоди на годината кога има повеќе вода, изјави Сервет Даути од друшвото„Игл“.

Планинарите го направиле мостот на едноставен начин користејќи неолку стебла од дрвја. Од нив две поголеми стебла се поставени преку реката, а парчиња се поставени попречно преку двете стебла за да се овозможи преминување.

-Ние го имавме направено и стариот мост во 2016 година, но бидејќи е направен само од дрвја и стои на вода и на сонце се уништува. Имаме направено и три други на понатамошнот тек на реката за да може да се помине, вели Сервет Даути. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава
бензин горива нафта

Повисоки цени на нафтените деривати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!